25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо последниот квартал ќе бидат продадени 71,5 милиони „iPhone“ уреди

Во последниот квартал ќе бидат продадени 71,5 милиони „iPhone“ уреди

iphones-on-display

Според аналитичката компанија „KGI“, „Apple“ во текот на последниот квартал од оваа година ќе продаде 71,5 милиони „iPhone“ уреди.

Ако таквите прогнози се реализираат, тоа ќе биде зголемување од 82%, во однос на претходниот квартал, т.е. зголемување од 40% во однос на 51 милиони „iPhone“ уреди кои беа продадени во текот на последниот квартал од 2013-та година.

Повеќето од продадените „iPhone“ уреди ќе бидат „iPhone 6“ со 4,7-инчен екран или ќе бидат продадени 41,65 милиони примероци, што е 60% oд вкупниот број на продадени „iPhone“ уреди.

Минг-Чи Куо предвидува нешто полоши резултати од првиот квартал од идната година, кога би требало да бидат продадени околу 49,4 милиони уреди, од кои 21,6 милиони ќе бидат од споменатиот „iPhone 6“ со 4,7-инчен екран.

pro iphone

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП