29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен пентхаус во Сан Франциско (фото)

Луксузен пентхаус во Сан Франциско (фото)

olp1

На последниот кат на високата Милениумска кула во Сан Франциско е сместен овој елегантен и луксузен стан кој е дело на архитектите од студиото „Sutro“…

Со прекрасен панорамски поглед кон градот, овој пентхаус од соништата е беспрекорна инспирациjа за дизајнот. Тој се издига кон небото и ги прикажува своите неверојатни погодности кои привлекоа големо внимание.

Во внатрешноста е сместен интересниот систем за осветлување, мебелот од брендот „Minotti“ и уште моногу други луксузни елементи, детали кои го обележуваат овој простор.

Кујната е декорирана со прекрасни плочки кои на просторот за готвење му даваат поинаква димензија, додека двете трпезарии се опремени за комплетно уживање во оброците.

Дел од овој луксузен пентхаус зафаќа и деловниот простор декориран во неутрални бои, како и спалните соби кои имаат совршена атмосфера за релаксација. Во бањата во овој пентхаус можете да си овозможите комплетна релаксација по напорниот работен ден.

olp2

olp3

olp4

olp5

olp6

olp7

olp8

olp9

olp10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП