25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкокот на личната потрошувачка ја спаси Германија од рецесија

Скокот на личната потрошувачка ја спаси Германија од рецесија

germany-EU-flags

Благодарение на порастот на личната потрошувачка, со што е неутрализиран падот на деловните инвестиции, германската економија во претходниот квартал избегна рецесија, објaвува денес њујоршката агенција Блумберг.

Бруто домашниот производ (БДП) на Германија во три месеци, заклучно со септември, порасна за 0,1 проценти, во однос на падот на БДП од 0,1 проценти во претходниот квартал, соопшти германската канцеларија за статистика Дестатис.

Личната потрошувачка во Германија во третиот квартал порасна за 0,7 проценти, додека обемот на капиталните инвестиции е намален за 0,9 проценти, наведува Блумберг, и додадва дека стагнирачката економија на еврозоната и политичките тензии со Русија ја намалуваат подготвеноста на германските компании за нови инвестиции, што потенцијално ги загрозува перспективите за раст како дома, така и во еврозоната.

Како што потсетува Блумберг, владата во Берлин се спротивстави на повиците да ја зголеми потрошувачката, со оглед на тоа што наредната година планира балансирање на буџетот, додека јавните инвестиции „тешки“ 10 милијарди евра ги одложи за 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП