18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПланот на Јункер предвидува 315 милијарди евра за следните три години, но...

Планот на Јункер предвидува 315 милијарди евра за следните три години, но ЕУ обезбедува само 21 милијарда

eu nek22

Околу 315 милијарди евра е планирано да тежи Инвестицискиот план за Европа, што утре пред Европскиот парламент во Стразбур се очекува и официјално да го соопшти претседателот на Европската комисија, Жан­Клод Јункер, а наменет за поддршка на европската економија во следните три години. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овој план за Европа на Јункер е предвидено да биде пакет од мерки за отклучување на јавните и приватни инвестиции во реалната економија од најмалку 315 милијарди евра во следните три години (2015 ­ 2017).

Инвестицискиот план се состои од три платформи: 1. Мобилизирање на средства за инвестиции без да се создаде нов јавен долг; 2. Поддршка на проекти и инвестиции во клучни области како нифраструктурата, образованието, истражувањата и иновациите; 3. Отстранување на конкретни сектори и други финансиски и нефинансиски бариери за инвестиции.

Мобилизирањето на 315­те милијарди евра дополнителни финансии за инвестиции на ниво на ЕУ е заеднички напор на Европската комисија и на Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Земјите­членки, Националните промотивни банки, регионалните власти и приватните инвеститори, исто така ќе бидат охрабрени да придонесат кон планот.

Конкретно, според денеска објавената шема за тоа од каде Комисијата планира да ги привлече посочените 315 милијарди евра, најпрво ЕУ гарантира 16 милијарди евра, а Европската инвестициска банка ­ пет милијарди евра, со што се креира Европски фонд за стратешки инвестиции (ЕФСИ) кој на располагање ќе има 21 милијарди евра. Овие средства, неформалната Влада на Унијата очекува да бидат потпора за малите и средни претпријатија, како и за долгорочни инвестиции, па 21 милијарда се очекува да се мултиплицираат за 15 пати и така да се дојде до бројка од 315 милијарди евра.

Имено, идејата на ЕУ е подобро да се користат структурните фондови, односно истите да се користат за гаранција за кредит за ЕИБ, а тие кредити да бидат поттик за ко­финансирање од страна на земјите­членки, што потоа ќе привлече и приватен капитал. Токму на овој начин, Комисијата очекува да се соберат преку 300 милијарди евра во следните три години, посебно што нивото на инвестиции во ЕУ е 15 проценти пониско отколку пред 2008 година, односно пред почетокот на финансиската криза.

„Во таква ситуација е невозможно да се реши прашањето на невработеноста. А, исто така, со Инвестицискиот план се предлага да не се инвестира во големи аеродроми кои ќе останат празни, во градење на големи автопати и железнички станици и пруги по кои нема да има голем промет“, коментираат високи извори од ЕУ за МИА.

Според проценките на Еврокомисијата, Инвестицискиот план има три цели, а тоа е да обезбеди дополнително гориво на економското опоравување на Унијата, да превземи одлучувачки чекори кон исполнување на долгорочните потреби на европската економија со зголемување на конкуренцијата во стратешктие области и да ја засили европската димензија на знаењето, човечкиот капитал и физичката инфраструктура, како и интерконекцијата што е ветално за единствениот пазар на ЕУ.

Исто така, Комисијата проценува дека овој план има потенцијал да го зголеми Бруто­домашниот производ (БДП) на Европската унија во целост од 330 до 410 милијарди евра, со што би се создале преку милион нови работни места во следните три години. Но, она што е забележливо од старт е дека во целито овој пакет, од старт не постојат т.н. свежи пари или нови средства кои ЕУ би ги вложила со цел остварување на целта за раст и работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП