19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСубвенциите за авиокомпаниите согласно европските принципи

Субвенциите за авиокомпаниите согласно европските принципи

pigus-wizzair-bilietai

Постапката за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници беше внимателно анализирана пред да биде спроведена и е во согласност со европското законодавство, информира денеска Министерството за транспорт и врски во врска со пишувањата дека Косово ќе ја тужи Македонија заради субвенционирање на авиокомпании.

Министерството за транспорт и врски, на барање на Министерството за инфраструкура на Косово уште во 2012 година, испрати допис во кој се образложени меѓународните правни норми врз основа на кој се спроведува проектот за доделување на финансиска поддршка за авиопревозници, од каде е јасно дека не е прекршено европското законодавство, наведува македонското Министерство во денешното соопштение.

Оттаму посочуваат дека Уредбата за доделување на финансиска поддршка на домашни авиопревозници и постапката за доделување финансиска поддршка се во согласност со насоките на Заедницата за финансирање на аеродроми и почетна помош на авиопревозници кои оперираат од регионалните аеродроми.

Владата на Република Македонија и во наредниот период ќе продолжи со имплементирање на проектот за финансиска поддршка на авиокомпании со цел зголемување на бројот на директни летови до европските дестинации и овозможување на попристапни цени за патниците во Македонија, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП