18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes CLA Shooting Brake - компактен купе караван (фото+видео)

Mercedes CLA Shooting Brake – компактен купе караван (фото+видео)

cla sb

Играта криенка  е завршена – „Mercedes“ ги објави првите официјални фотографии и технички детали од моделот „CLA Shooting Brake“. Покрај стандардната верзија, претставена е и спортската „AMG“.

Новиот компактен модел, кој кај фановите на „Mercedes“ најверојатно ќе предизвика спротивни реакции, е заснован на купе-лимузината „CLA“.

cla sb1

За формирање на задниот дел на автомобилот е искористена идеата од моделот „CLS Shooting Brake“, па така новата верзија „Mercedes CLA“ не е класичен караван.

За тоа сведочи и зафатнината на багажникот која е со 495 l и само 25 литри поголема во однос на лимузинската верзија. Меѓутоа, во „Mercedes“ велат дека навалување на наслонот на задните седишта, багажниот простор може да се зголеми на 595 литри, но тоа ќе се рефлектира на комфорот на патниците кои седат позади.

cla sb2

За превоз на поголем товар, задната клупа нормално може да се навали, а возачот може да смета на корисен простор од 1.354 литри.

Mercedes CLA Shooting Brake“ долг е како и лимузината – 4.630 mm, a aвтомобилот е широк 1.777 mm, додека висината изнесува 1.435 mm.

cla sb3

На купувачите на почетокот ќе им бидат понудени две дизел и 4 бензински агрегати.

Основниот дизел, „CLA 200 CDI“ има 2.1-литарски турбо-мотор со 136 ks (100 kW) и 300 Nm, додека помоќната дизел верзија, моделот „CLA 220 CDI“, моторот со иста зафатнина произведува 177 ks (130 kW) и 350 Nm максимален вртежен момент.

cla sb4

Бензинците стартуваат со моделот „CLA 180“ и тубро-мотор со 122 ks (90 kW) и 200 Nm. Малку помоќниот „CLA 200“ развива 156 ks (115 kW) и 250 Nm, a работната зафатнина на двете погонски единици изнесува 1.6-литри.

За оние кои тоа не им е доволно, „Mercedes“ нуди 2.0-литарски бензински мотор со 211 ks (155 kW) и 350 Nm, кој може да се добие и во верзија со „4MATIC“ погон на сите 4 тркала.

cla sb5

Паралелно со „обичните“ верзии, „Mercedes“ овој пат го претстави и „AMG“ моделот.

Како и кај „Mercedes A45 AMG“ и „CLA 45 AMG“, а за погон е употребен четирицилиндарски 2.0-литарски бензинец со 360 ks (265 kW), достапни при 6.000 o/min, и 450 Nm, кој на располагање се во опсег од 2.250-5.000 o/min.

cla sb6

Моќта се пренесува на тркалата со помош на седумстепениот „AMG SPEEDSHIFT DCT“ менувач со двојно квачило.

„Mercedes CLA 45 AMG Shooting Brake“ до „стотка“ забрзува за 4,7 секунди, пред да ги достигне максимално, електронски ограничените 250 km/h.

cla sb7

Книгата за нарачки за новиот модел на „Mercedes“ ќе биде отворена во јануари 2015-та, а првите возила ќе им бидат испорачани на купувачите во март. Цените ќе бидат соопштени пред стартот на продажбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП