23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 начини на кои милениците го подобруваат вашето здравје

5 начини на кои милениците го подобруваат вашето здравје

494373293

Домашните миленици, особено мачките и кучињата, го прават животот поубав, но овие прекрасни крзнени животни делуваат благотворно и на здравјето на сопственикот…

1. Повеќе се движите. Истражувањата покажуваат дека сопствениците на куче повеќе вежбаат од луѓето кои немаат куче, па така луѓето кои редовно го шетаат кучето се во подобра биолошка форма и се помалку склони кон дебелеење. Доколу имате куче кое е полно со енергија можете да се рекреирате уште повеќе истовремено со него возејќи ролери или велосипед додека тоа трча покрај вас.

2. Помалку сте под стрес и имате поголема самодоверба. Милениците инстинктивно знаат кога ни требаат најмногу, поради што ни овозможуваат чувство на припадност и поголема самодоверба. Истражувањата покажаа дека сопствениците кои имаат миленици полесно се прилагодуваат и на стресните ситуации.

3. Имате поздраво срце. Докажано е дека живеењето со куче или маче го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и дека овие миленици помагаат да се намали зголемениот холестерол и триглицеридите. Лицата кои имаат срцеви заболувања а истовремено живеат со маче или куче имаат поголеми шанси да преживеат срцев удар.

4.Отпорни сте на алергии. Познато е дека милениците можат да предизвикаат алергија поради честичките кои паѓаат од нивната кожа или влакната, но луѓето кои од раното детство се во контакт со миленици се поотпорни на сите алергени подоцна во животот.

5. Ќе бидете подружељубиви. Шетањето на миленикот не ви помага само да се одржите во топ форма, туку и да стекнете некое ново познанство преку разговорот со другите сопственици на миленици. Покрај тоа, младите луѓе со силна поврзаност кон мачките или кучињата имаат поцврсти врски и со пријателите, семејството и љубовниот партнер, а докажано е дека луѓето со исполнет и богат социјален живот живеат подолго и се посреќни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП