25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle подготви одговор на Apple CarPlay (видео)

Google подготви одговор на Apple CarPlay (видео)

auto android

Паметните телефони и мултимедијалните уреди во автомобилите наскоро ќе биде незамисливи едни без други, а за тоа се најзаслужни двата „IT“ гиганти – „Apple“ и „Google“.

„Apple“ во март во Женева го претстави „CarPlay“ системот кој овозможува „iPhone“ уредот да стане интегрален дел од мултимедијалниот систем во автомобилот.

Сопствениците на „Ferrari FF“ имаат привилегија да бидат првите кои ќе започнат да го користат „CarPlay“ во своите возила, а кога во почетокот на 2015-та во продажба ќе се најде новиот „Volvo XC90“, тоа ќе можат да го сторат и купувачите на овој „SUV“ модел.

Мрежата на производители на автомобили во чии модели ќе биде достапен системот „CarPlay“ се повеќе се шири. „Apple“ објави дека има партнерство со дури 30 автомобилски марки, меѓу кои се големите премиум брендови „Mercedes“, „BMW“ и „Audi“, но и најголемиот светски производител на автомобили, „Toyota“, потоа „Ford“, „Peugeot-Citroen“ и многу други.

На поврзаноста во автомобилите смета и „Google“ со сопствениот производ – „Android Auto“. Концептот е ист како кај „Apple“, па смартфонот може да се поврзе со автомобилот, диплејот ќе се пресели на командната табла, а сите команди ќе се даваат или со еден допир или со говорење.

„Android Auto“ исто така ќе биде на располагање во моделите на бројни светски авто брендови, а „Google“ за демонстрација на овој систем го избра еден од своите партнери, корејска „Kiа“ и моделот „Soul“:

„Google“ најави дека „Android Auto“ ќе биде достапен од 2015-та, a меѓу првите кои ќе можат да го користат се возачите на „Hyundai Sonatа“.

Договор за соработка досега е потпишан со 30-тина производители на автомобили, вклучувајќи го и „Ford“, како и „Volkswagen“, „Renault-Nissan“ и „FIAT-Chrysler“ групациите, додка на списокот се уште ги нема „Toyotа“, „Mercedes“ и „BMW“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП