19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХоландската банка ING укинува 1.700 работни места

Холандската банка ING укинува 1.700 работни места

ING-Bank-CC-credit-R-DV-RS

Водечката холандска банка ING најави денес укинување на 1.700 работни места во наредните три години, поради унапредувањето на услугите за автоматско онлајн банкарство.

„ING следниот чекор ќе го преземе во секторот на дигиталното банкарство. Оваа мерка ќе резултира со намалување на работната сила на ING во Холандија за 1.700 вработени“, се наведува во соопштението на банката и се додава дека таа ќе откаже дополнителни 1.075 договори кои ги има со хонорарните соработници, пренесува агенцијата Франс прес.

Споменатите отпуштања главно ќе ги погодат вработените во седиштето на ING во Амстердам, потоа ИТ одделението на компанијата и услужните телефонски центри, се наведува во соопштението во кое се додава дека банката сака да го стандардизира целокупниот онлајн банкарски систем, вклучувајќи ја својата апликација за мобилни уреди, интернет страната, телефонскиот центар, како и да го унапреди ИТ системот со трошок од околу 200 милиони евра.

„Благодарение на најавените откази, банката ќе оствари бруто заштеда од околу 270 милиони евра до 2018 година“, се наведува во соопштението на банката која вработува околу 53.000 луѓе во целиот свет и која во изминатите години помина низ сериозен процес на реструктуирање на работењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП