25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗапочнува решавачката битка во Лигата на Шампионите

Започнува решавачката битка во Лигата на Шампионите

pehar ls 35

Шоуто Лигата на Шампионите вечерва повторно е на сцената со осум возбудливи натпревари на европските терени. Во голема мера ќе бидат разјаснети работите во групите од „Е“ до „Н“.

Најмногу јасни изгледаат работите во групата „Е“, каде понатаму продолжува Баерн Минхен, кој гостува кај Манчестер Сити. За Англичаните ова е последна шанса за 1/8-финалето. Ако Сити не победи, тогаш во следната рунда ќе оди Рома, која гостува кај ЦСКА Москва. Русите можат да му ги поматат сметките на италијанскиот тим, но треба да се подобри од  резултатот 5:1 од Рим.

Во група „F“ пак интрига е кој ќе биде лидер во групата. Засега со подобри шанси е ПСЖ кој при успех над Ајакс дома, ќе си го осигура првото место, но во случај дека Барселона отстапи пред Апоел Никозија. Во спротивно на сите ќе ни стане јасно во директниот судир на 10-ти декември на „Ноу Камп“.

Во најинтересниот натпревар за денот Шалке 04 го пречекува Челзи во група „G“. „Сините“ од Лондон се амбициозни да победат и да си обезбедат пласман. Германците ќе излезат први при победа, но нема да си обезбедат пласман. Во другиот натпревар од групата Спортинг го пречекува Марибор и ќе бара задолжителен успех, бидејќи при загуба ќе отпадне од борбата за првите две места.

Во групата „Н“, Порто си обезбеди пласман, но при победа над БАТЕ во Борисов, ќе си го обезбеди и првото место во групата. Атлетик Билбао останаа без шанси за пласман, а сега гостува кај Шахтјор (Донецк). Украинците исто изгледаат блиску до 1/8-финалето, но тоа може да не се оствари само ако ги загубат преостанатите два натпревари, што е малку веројатно.

Денешните натпревари во Лигата на шампионите:

БАТЕ Борисов – Порто

ЦСКА Москва – Рома

Шахтјор – Атлетик Билбао

Спортинг Лисабон – Марибор

Шалке 04 – Челзи

ПСЖ – Ајакс

Апоел Никозија – Барселона

Манчестер Сити – Баерн Минхен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП