23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGalaxy S5 со послабa продажба од очекувaната

Galaxy S5 со послабa продажба од очекувaната

South Korea Samsung Galaxy S4

Премиум моделот на „Samsung“ – „Galaxy S5“ ужива многу слаба продажба и не успева да ги достигне предвидените резултати. Од моделот беа продадени 12 милиони единици во првите три месеци од неговото пуштање во продажба, за разлика од 20-те милиони единици за првите 68 дена кај неговиот претходник – „Galaxy S4“.

Така продажбата на „S5“ е за околу 40% под предвидените продадени единици за првите три месеци. Во моментов продажбата на моделот забележува пад на многу од пазарите на кои се нуди, според податоците на весникот „The Wall Street Journal“.

Практично САД е единствениот пазар на кој продажбата на моделот се зголемува. Во Кина, на пример, побарувачката на смартфонот е намалена за половина.

Јужнокорејската компанија не беше подготвена за такво сценарио. Сега таа фрла многу средства за рекламирање, за да може да ги продаде произведените количини. Се повеќе се зборува и за промена во менаџментот на единицата за смартфони во компанијата. Веста доаѓа помалку од една недела откако од компанијата одлучија да произведуваат помалку нови модели во следната година, во обид да се намалат трошоците и да се справат со паѓањето на профитот. Бројот на новопретставени модели догодина се очекува да е за 30% помал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП