19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилош Земан: Американското пиво е нечиста вода

Милош Земан: Американското пиво е нечиста вода

zeman

Чешкиот претседател Милош Земан за време на неговата посета на Казахстан, поддршката кон чешките компании ја искажа на неговиот специфичен начин, јавија медиумите во Чешка.

Како што пренесе дописникот на МИА од Прага, Земан фалејќи ги чешките пиварници, кои според него се најдобрите во светот, не се воздржа да забележи дека американските пиво е само „валкана вода“.

Во Казахстан, чешките фирми потпишале меморандуми за договори во вредност од околу 450 милиони долари, кои се однесуваат на снабдување на технологија во земјоделството, рударството, како и оружје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП