20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПорше Македонија ја претстави новата осма генерација на Volkswagen Passat

Порше Македонија ја претстави новата осма генерација на Volkswagen Passat

pasat

Во салонот на Volkswagen во Скопје вчера беше претставена новата осма генерација на Passat, која претставува спој на иновации, раскошни карактеристики, изразена естетика, ефикансост и врвен квалитет.

На промоцијата до присутните се обратија Владимир Димитрoвски, бренд менаџер на Volkswagen, како и Александар Цветковски, продукт менаџер на Volkswagen.

volk

Од појавувањето во 1973 година до денес, Passat е најстариот активен модел на Volkswagen. Со преклу 22 милиони продадени примероци во својата 41-годишна традиција, исто така е и еден од најуспешните автомобили на брендот. Во прилог на ова бренд менаџерот Димитрoвски изјави: „Секоја досегашна генерација на Passat остави печат на своето време и постави нови стандарди во средната класа. Некоја во поглед на просторот, друга во поглед на безбедноста, дизајнот технологијата. Претходната седма генерација успеа да собори рекорд и во Македонија со најголем удел во својот сегмент близу 50%. Речиси секој втор автомобил од средната класа во Македонија е Passat“.

Соодветно на досегашниот успех Volkswagen со новата генерација на Passat си постави предизвик да создаде автомобил кој не само што ќе биде достоен наследник на неговиот претходник, туку и ќе напише сосема ново поглавје во автомобилската историја. Осмата генерација на  Passat, според Димитрoвски поставува нови стандарди на полето на удобноста, безбедноста, дизјанот, перформансите потрошувачката и еколошката прифатливост. Ги поместува границите на средната класа и им фрла ракавица в лице на премиум моделите.

kolica

Во одноос на неговите технички специфииакции и достигнувањa Александар Цветковски ги нагласи предностите на новиот автомобил кој ги менува стандардите во средната класа :„Новиот Passat истовремено е елегантен и спортски автомобил со настап кој е истовремено и одмерен и агресивен. Го проширува опсегот на достапна моќност кај моторите, а кај дизел моторите ја  поместува горната граница до 176  KW / 240 КС. Во серија испорачува богата безбедносна и функционална опрема, а може да се надогради и со мноштво опции за да ги задоволи и најпрефинетите вкусови.  Нуди системи за помош, како помош при паралелно паркирање, помош при маневрирање со приколка, помош при возење во метеж, помош во итни случаи и систем за детектирање на пешаци. Во серија достапните можности за поврзување кај новиот Passat се дополнети со опциите Mirrorlink и CarNet.“

lila

Лидерот во бизнис класата е веќе достапен за македонските возачи, а претставниците на Порше Македонија се сигурни дека совршениот нов Volkswagen Passat ќе биде успешен најмалку како и неговите претходници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП