20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda 2 Sedan - дали ќе пристигне на „стариот континент“? (фото)

Mazda 2 Sedan – дали ќе пристигне на „стариот континент“? (фото)

sedan mazda 2

„Mazda“ објави официјални фотографии од лимузинската верзија на новата „двојка“. Засега е потврдено дека „Mazda 2 Sedan“ ќе се продава само во Азија, а се шпекулира дека можеме да очекуваме овој автомобил да го видиме и на европските патишта.

Лимузината механички и стилски е базирана на хечбек верзија на новата „Mazdа 2“, a задниот дел на автомобилот е обликуван по углед на новата генерација на седаните „Mazdа 6“ и „Mazdа 3“.

sedan mazda 21

Со привлечниот „Kodo“ дизајн и современиот погонски систем, јапонскиот производител игра на картата на популарноста на малите и компактни лимузини на големите азиски пазари во развој.

Ентериерот со новата инструмент табла, одвоениот екран на мулти медијалниот систем и редизајнираните вентилациски отвори, исто така се превземени од хечбек верзијата.

sedan mazda 22

На купувачите на располагање ќе им биде само еден вид на мотор, 1.5-литарски „SKYACTIV-D“ дизел со 105 ks (77 kW) и 220 Nm максимален вртежен момент.

Јапонскиот производител тврди дека „Mazda 2 Sedan“ опремена со овој агрегат просечно троши 3,4 l/100 km и емитува 89 g CO2/km.

sedan mazda 23

Премиерата е закажана за 28-ми ноември и авто-саемот кој се одржува во Тајланд, а автомобилот ќе се произведува во фабриката на „Mazdа“ во оваа азиска земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП