28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИKако ширум Европа се нарекува знакот @ (фото)

Kако ширум Европа се нарекува знакот @ (фото)

majmunce 111

Еден од најпопуларните, и секако и најчесто користените, знакови на светот има многу имиња, а „EuropaPont“ Ви дава преглед на различните имиња кои за „@“ се користат во европските земји.

Во Албанија овој знак се нарекува „полжав“, во Данска и Шведска „сурла од слон“, во Грција и Кипар е „патка“, а во Унгарија „бубачка“.

Вообичаеното име, „monkey“, односно „мајмун“ или „at“, се користи во Македонија, Србија, Австрија, БиХ, Хрватска, Естонија, Финска, Германија, Ирска, Италија и во многу други европски земји, но покрај тие имиња, обично доаѓаат и уште некои.

Така во Австрија знакот „@“ се нарекува уште и „мајмун-пајак“, во Белгија, Германија и Луксембург „опашка од мајмун“, во Финска „опашка од мачка“.

Во Словачка „@“ се нарекува „ролована харинга“, во Русија „куче“. „Полжав“ е, освен во Албанија, и во Италија, Белорусија и Украина.

majmunce 112

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП