MB&F е бренд познат по своите чудни и уникатни креации – а овој ексклузивен лимитиран часовник „HM6 Space Pirate“ целосно се вклопува со описот…
Овој дизајн е дело на Максимилијан Бусерм кој веќе некое време работи на специфичните механизми кои се наоѓаат во голем број на часовници, а последниот е сместен во HM6.
Овој интригантен часовник има централно куќиште и четири сфери преку кои е претставен внатрешниот механизам. Двете сфери го прикажуваат времето, додека останатите ги претставуваат механизмите на часовникот, кои го придвижуваат.
Централниот кристал исто така ви овозможува да погледнете во внатрешноста на ова уникатно чудо. Тој може да биде затворен со метален капак. Малку потсетува на вселенски пират кој ви намигнува од вашиот часовник.
Цената за овој уникатен и лимитиран часовник „MB&F HM6 Space Pirate“ кој ќе биде произведен во само 50 парчиња чини неверојатни 230.000 долари.