25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFraport контролира 98 проценти од Аеродромот во Љубљана

Fraport контролира 98 проценти од Аеродромот во Љубљана

ljubljana aerodrom

Германската компанија „Fraport“ објави денеска дека на крајот на минатата недела успешно го завршила превземањето на Аеродромот во Љубљана, па сега контролира 98 проценти од компанијата која управува со најголемиот словенечки аеродром.

Дополнителната понуда на „Fraport“ ја прифатиле 4.211 акционери, сопственици на вкупно 852.054 акции, односно 22,44 процентен удел во Аеродромот, објаснуваат од „Fraport“ во извештајот за превземањето.

„Fraport“ претходно за 75,5 отсто од акциите на Аеродормот кои беа во сопственост на државата и со неа поврзани сопственици, плати 177,1 милиони евра, а за останатите акции по иста цена ќе плати дополнителни 57,3 милиони евра.

Раководството на превземената словенечка компанија наведе, по повод на постапката за превземањето, дека не очекуваат новиот сопственик дополнително да отпушта вработени и дека во новиот сопственик гледаат еден од клучните темели за успешно работење.

Германската компанија „Fraport“ управува со еден од најголемите светски аеродроми, оној во Франкфурт.

Лани таа имаше 2,6 милијарди евра приходи и 236 милиони евра добивка, а има вработено околу 20.000 луѓе. Само лани преку франкфуртскиот аеродром минале околу 58 милиони патници и 1.1 милиони тони стока.

„Fraport“ е сопственик на уште 12 аеродроми, пет од нив во Европа (Франкфурт, Хановер, Санкт Петерсбург, Варна и Бургас), а останатите седум се во Анталија (Турција), Њу Делхи (Индија), Хиан (Кина) Џеди и Ријад (Саудиска Арабија), Дакар (Сенегал) и Лима (Перу).

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП