20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi сака да се натпреварува со Teslа

Audi сака да се натпреварува со Teslа

audi elektrik

Успехот на „Model S“ на компанијата „Tesla Motors“ не го остави рамнодушен германскиот производител на премиум автомобили, кој сега подготвува сопствен електричен модел со радиус на движење од 450 km.

Шефот на истражувачко-развојното одделение на „Audi“, Урлих Хакенберг, вели дека во оваа компанија работат на нов модел на електричен погон кој на пазарот ќе се најде во 2017-та година.

Тој не прецизираше дека станува збор за целосно нов модел, чиј развој се одвива независно од останатите автомобили од гамата на „Audi“, или возило за чија проекција ќе биде искористен некој од постоечките модели, како што е случајот со хибридниот „Audi A3 e-tron“.

„Новиот модел веќе е во подготовка. Ја искористивме технологијата од проектот на електричниот концепт „R8 e-tron“, и на пат сме да развиеме електричен автомобил со радиус на движење од 450 km“, вели Хакенберг за магазинот „Auto Express“.

Зголемувањето на автономијата во возењето е постигната благодарејќи на новата генерација на електромотори и батерии кои имаат поголем капацитет.

Ваквиот автомобил би бил конкурентен со подобрениот „Teslа S“ чија фабрички декларирана автономија на движење со полна батерија изнесува 458 km.

Во „Audi“ тврдат дека новите електрични мотори, кои ги развива „Volkswagen“, ќе бидат и до пет пати поефикасни од актуелниот кој го користи моделот „e-Golf“.

Хакенберг не откри детали за димензиите и дизајнот на идниот електричен модел на „Audi“. Се очекува дека тоа ќе биде лиумузина од средна величина и дека погонската батерија ќе биде сместена во подот на возилото, поради подобра стабилност, но и практичност на автомобилот, затоа што на тој начин патничкиот и багажниот простор ќе бидат најдобро искористени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП