29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДеловен стил: Како правилно да ги комбинирате боите?

Деловен стил: Како правилно да ги комбинирате боите?

businessman

Доколку сакате добро да изгледате, не е доволно само да облечете квалитетна облека, бидејќи квалитетното палто нема да ви помогне доколку неправилно сте ги комбинирале боите.

При комбинацијата на бои постојат основни правила кои би требало да ги почитувате.

Бела кошула оди со се

Белата кошула можете да ја комбинирате со сите бои. Доколку облечете палто и немате идеја како да го комбинирате, белата кошула ќе ви заврши работа. Можете да додадете вратоврска со светла или потемна боја која ќе ја изберете во однос на бојата на палтото. Предноста на белата кошула, покрај тоа што може да се комбинира со се е тоа што секогаш ви дава отмен и префинет изглед.

Сивата ги неутрализира боите

Доколку експериментирате со боите (особено боите на краватата) користете ја сивата со цел да ги пригушите силните бои, а предност е тоа што сивата може да се комбинира речиси со сите бои.

Избегнувајте пантолони во боја

Без оглед колку експериментирате со боите, во деловниот стил не е прифатливо да носите пантолони кои се шарени или се во светли и дречливи бои. За пантолоните освен темносината, сивата, кафената и црната боја, не користете други бои. Без оглед која боја е модерна во сезоната, за деловниот стил најприфатлива е класиката.

Носете различни бои со еднакви нијанси

За најдобри резултати, сите бои кои ги носите би требало да бидат со еднакви нијанси. Значи ако комбинирате повеќе бои обидете се сите да бидат со еднакви нијанси, односно подеднакво темни или светли. Едноставно одлучете се за светлите или темните тонови… Исто така доколку палтото има одредени шари и симболи, внимавајте кошулата и пантолоните да немаат поинакви шари и симболи. Најчесто доколку еден дел од облеката е премногу украсен, шарен и специфичен, другите делови од облеката треба да го пригушат или „смират“ со цел да не бидете накитени како новогодишна елка.

Користете комплементарни бои

Сетете се на ликовно од училиштето, и тоа знаење применте го во стилот на облекување. Ако случајно сте заборавиле, тоа се црвена и зелена, жолта и виолетова, сина и портокалова. Комбинирањето на овие бои е знак за самодоверба и знак за вештина во облекувањето, така барем тврдат експертите. Боите кои ги комбинирате секогаш е подобро да бидат посветли, понежни, да не се дречливи и за најдобар избор се сметаат пастелните нијанси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП