20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку чини да се вози Porsche за еден час?

Колку чини да се вози Porsche за еден час?

test porsche

„Porsche“ на фановите на овој авто-бренд кои ќе го посетат нивниот центар и музеј во Штутгарт ќе им дадат можност да повозат некој од моделите по цена од 69 евра. За тие пари, на пример, ќе можете еден час да уживате во возењето на моделот „Cayman“.

Во желба на посетителите на својот музеј и седиштето на компанијата во Штутгарт да им понудат комплетно задоволство, германскиот производител воведува нова услуга – „Porsche Drive“.

На овој начин, љубителите во „Porsche“ ќе добијат можност да изнајмат некој од моделите, а тоа ќе може да го направат од еден час до седум дена.

„Посетителите кои се фасцинирани од нашите спортски автомобили, отсега ќе можат и лично да ги тестираат преку проектот „Porsche Drive““, објаснува еден од челниците на компанијата, Бернард Мајер.

test porsche1

Од „Porsche“ соопштија дека во понудата ќе се најде комплетната гама на автомобили на овој производител, но не прецизираа дали ќе биде достапен и оној најскапиот – топ моделот „918 Spyder“.

Најевтино изнајмување имаат моделите „Boxster“, „Cayman“ и „Macan“. Едночасовното возење на некој од овие автомобили ќе Ве чини 69 eвра, додека рентањето на „Porsche 911“ изнесува 99 евра по час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП