28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПорази на македонските екипи во ракометните еврокупови

Порази на македонските екипи во ракометните еврокупови

zrk

Три македонски екипи се поразени во натпреварите од ракометните еврокупови, а две со тоа ги завршија натпреварите.

ЖРК Вардар (втор тим) и во реваншот од 3.коло од ЕХФ купот загуби од унгарската екипа Дунајварош.

Во СЦ „Јане Сандански“ унгарскиот тим славеше убедлива победа со 30:15.

Кај младиот тим на Вардар најефикасна беше Теодора Керамитчиева со 8 голови, а голманката Нина Ладева имаше 11 одбрани.

Дунајварош со вкупни 58:35 го елиминира македонскиот претставник.

Два натпревара на теренот на противникот и два пораза претрпеа ракометарките на ЖРК Металург.

Тие загубија од унгарската екипа Шиофок попладнево со 36:14 и со вкупни 62:31 се елиминирани во 3.коло од Купот на победниците на куповите.

Сара Ристовска кај ЖРК Металург и на овој натпревар беше најефикасна со 5 голови.

Пораз на гостувањето во Прага, од Дукла претрпе и машкиот тим на битолски Пелистер.

Дукла славеше со 34:24 во рамките на 3.коло од Челинџ купот, а најефикасен кај Пелистер беше Богдан Николиќ со 9 голови. Реванш дуелот се игра на 29.ноември во Битола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП