24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКинескиот клон на моделот Evoque го разлути шефот на Land Rover (фото)

Кинескиот клон на моделот Evoque го разлути шефот на Land Rover (фото)

lr logo

Кога некој без дозвола до детал ќе го ископира вашиот модел, во чиј развој и производство сте вложиле големи средства, а потоа такво возило ќе им биде понудено на купувачите на најголемиот светски пазар по значително пониска цена, нормално е дека ќе бидете лути.

Кинеките производители на автомобили се склони да „клонираат“ модели на познатите светски авто-компании и таквите возила под други имиња и својот амблем го продаваат на домашниот пазар.

Изгледа дека во случајот на копирањето на моделот „Evoque“ значително претерале, што го разлути првиот човек на „Land Rover“, Ралф Спет.

lr nas

Тој изјави дека кинески „LandWind X7“, кој имаше премиера на авто-саемот во Гуанџу, претставува типичен пример на кражба на интелектуалната сопственост и дека поради тоа ќе им се обрати на кинеските власти.

„Многу сум разочаран од фактот дека ваков вид на копирања се случуваат во Кина. Тоа е недозволиво“, вели Спет.

lr 2

„„Range Rover Evoque“ претставува интелектуална сопственост на компанијата „Jaguar-Land Rover“ и секоја „кражба“ на таа сопственост е во спротивно со прописите кои се применуваат ширум светот“, додава тој.

Извршниот директор на „Land Rover“ истакна дека неговата компанија вложува големи средства во Кина низ партнерство со производителот на автомобили „Chery“ и тоа што го има направено „LandWind“ со лансирањето на моделот „X7“ штети на нивните работни интереси.

lr 3

„Ќе разговараме со кинеските власти и со нашиот партнер во Кина со цел да пронајдеме начин за решавање на овој проблем кој е поткопување на кредибилитетот на Кина како држава“, истакна Ралф Спет.

„Land Rover“ неодамна започна со производство на моделот „Evoque“ во Кина.

И додека оргиналот во оваа земја чини од 50.000 eвра, колонот „LandWind X7“, кој на пазарот е се појави на крајот на ноември ќе се продава по цена од 17.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП