28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRosneft ќе купува нафта од Венецуела

Rosneft ќе купува нафта од Венецуела

rosf nafta

Руската нафтена компанија „Rosneft“ ќе купи од венецуелската „PDVSA“ 1.6 милиони тони нафта и девет милиони тони нафтени производи во текот на следните пет години.

Како што соопшти руската компанија, купувањето на нафтата и нафтените производи е дефинирано со долгорочен договор меѓу двете компании.

Директорот на „Rosneft“, Игор Сечин по средбата со раководството на „PDVSA“ и министерот за надворешни работи на Венецуела, Рафаел Рамирез, укажа на „растечкиот“ обем на соработка во нафтената сфера меѓу Русија и Венецуела.

„Rosneft“ повеќе пати најавуваше дека планира активно да го развива трговското работење. Па така, до 20-ти декември 2014-та година компанијата треба да склучи договор за превземање на одделението за тргување со нафта на банката „Мorgan Ѕtanley“.

Како што претходно најавуваше Сечин, соработката со „PDVSA“ во областа на трговијата и овозможува на руската компанија го прошири географското влијание и да ја зајакне својата позиција како глобален играч на пазарот на нафта и нафтени производи.

Моментално „Rosneft“ и „PDVSA“ учествуваат во пет заеднички проекти за производство на нафта во Венецуела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП