25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајочекуваните смартфони за 2015-та година (фото)

Најочекуваните смартфони за 2015-та година (фото)

sm nas

Наближува крајот на годината и откако веќе сите водечки производители ги претставија своите најнови модели од највисоката класа, вниманието на потрошувачите се насочува кон следната година.

А еве и кои ќе се некои од најочекуваните модели во 2015-та и со она што може да не изненадат:

iPhone 6 S

sm 1

Гласините за следната генерација на популарниот модел веќе почнуваат да циркулираат. Во оваа фаза очекувањата се за излегувањето на моделот „6S“. Најверојатно „Apple“ ќе се концентрира на надградба на оперативниот систем „iOS 9“ и ќе се посвети малку на варијанти од техничка гледна точка. Најзначајното во новиот модел може да е следната генерација чипови – „А9“, кој ќе е побрз и поекономичен за батеријата.

Samsung Galaxy S6

sm 2

Наредната генерација на моделот „Galaxy“ веќе се очекува од најголемите фанови на водечкиот светски производител. Традиционално тој се очекува да биде претставен во почетокот на март. Очекувањата кон него се големи, со оглед на слабите резултати во продажбата на петтата генерација. Многу е веројатно новиот модел да е отпорен на вода и прашина, а се повеќе се шпекулира дека ќе има „4К“ екран. Не се малку и аналитичарите кои сметаат дека резолуцијата ќе е од 2.560 x 1.440 пиксели. Многу веројатно е новиот модел да е со четиријадрен 64-битен процесор и далеку поиздржлива батерија од онаа на неговиот претходник, која беше едвај 2.800 mAh. Значително подобрување се очекува и за камерата на моделот, особено во насока на фотографирањето.

Samsung Galaxy Note 5

sm 3

Смартфонот со најдобар дисплеј во моментов е „Galaxy Note 4“. Затоа очекувањата за следната генерација на фаблетот се прилично големи. Речиси е сигурно дека тој ќе е со дисплеј со резолуција „4К“ и заситеноста од 600 пиксели на инч, што многу е веројатно да излезе во втората половина на следната година (особено во август). Моделот се очекува да е со алуминиумско куќиште, осумјадрен 64-битен процесор, 18-мегапикселна камера и можност за безжично полнење. Батеријата на уредот може да е од 3.900 mAh, а цената околу 1000 долари.

HTC One 2015

sm 4

Двата модели од оваа серија, освоија голем број награди, како и наградата „паметен телефон со најдобар дизајн“ од голем број професионалци. Во таа насока, очекувањата на корисниците се прилично големи. Се очекува моделот да биде претставен во февруари или март, но не е сигурно дали ќе го задржи своето име или ќе биде избрано ново. Во оваа фаза шпекулациите се за 5.2-инчен „WQHD“ дисплеј, 3 GB RAM меморија и издржлива батерија, како и подобра камера, во споредба со неговиот претходник.

LG G4

sm 5

Моделот „LG G2“ беше еден од најдобрите паметни телефони во 2013-та година. Реновираниот „LG G3“ пак стана еден од најдобрите паметни телефони во оваа година. Затоа корисниците се со исклучително високи очекувања и за следната серија. Се очекува тој да биде претставен во средината на годината (мај), за да се натпреварува со новиот „iPhone“, како и новата серија на моделот „Galaxy“. Има шпекулации дека тој ќе е со флексибилен дисплеј со извонредна резолуција. Според други извори моделот ќе биде со дисплеј од сафир кој ќе го стави на чекор пред своите конкуренти. Корисниците ќе можат да се потпрат на многу издржливата батерија.

Sony Xperia Z4

sm 6

Sony пушта нова верзија на смартфонот од највисока класа најчесто помеѓу водечките производители – на секои шест месеци. Новиот модел може да се очекува во март. Се очекува моделот да е со последната верзија на „Android – Lollipop“, како и со осумјадрен процесор и екран од 5.5 инчи со резолуција 2.560 x 1.440 пиксели. Камерата најверојатно ќе биде надградена и ќе ја користи новата 20.7 мегапикселна камера со широк агол и сензорот „Exmor RS CMOS“. Оперативната меморија на смартфонот најверојатно ќе се прошири до 4 GB.

OnePlus Two

sm 7

По неверојатниот успех на моделот „OnePlus One“, постојат шпекулации за излез на втора верзија. Компанијата се уште има тешкотии со исклучително силна побарувачката на првиот модел кој е со цена од околу 300 долари, но располага со карактеристиките на двојно поскапи модели. Меѓу ретките нешта за кои се шпекулира се софтверски подобрувања во новиот модел, како и во материјалите од кои ќе биде изработено куќиштето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП