28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНеобичен луксузен хотел во Сингапур (фото)

Необичен луксузен хотел во Сингапур (фото)

mn1

Во светот постојат огромен број на луксузни хотели, а многу од нив се сместени во Сингапур…

Сепак, ниту еден не наликува на Wagington хотелот. Она што овој хотел го прави посебен е фактот дека тоа е првиот луксузен хотел за миленици во светот. Овој необичен хотел на вашите милeници им нуди 700 квадратни метри удобен простор, со 27 климатизирани соби во разни големини. Една од нив,односно Royal собата е најимпресивната – таа има голема површина и во неа можат да бидат сместени пет или седум кучиња, во зависност од нивната големина. Во неа се наоѓа дури и лустер и телевизор. Вашето куче ќе спие на ортопедски кревет и ќебиња од префинети материјали, а една ноќ во овој апартман чини 280 долари.

Една од работите во кои кучињата навистина уживаат е вежбањето или физичката активност, па затоа овој резорт за миленици е опремен со базен во облик на коска. Постојат неколку третмани кои се во понудата… вашиот миленик може да добие третман со ароматерапија, масажа на главата и муцката и сл.

Овој луксузен хотел не е посветен само на кучињата, туку и мачињата се добредојдени. За нив се смислени, исто така, голем број на активности. Една од важните погодности е балконот во собите, бидејќи сите знаеме дека мачињата се љубопитни и сакаат да го набљудуваат светот околу себе.

mn2

mn5

mn3

mn4

mn6

mn7

mn8

mn9

mn10

mn11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП