19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 22.11.2014

Дневен хороскоп 22.11.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Младата Месечина во Шкорпија им одговара на родените на почетокот на овој знак. Ако сте направиле планови во врска со некоја работа поврзана со странци, не се двоумете, туку реализирајте ги. Можете да очекувате повик од некој кој ви особено симпатичен и со кој секогаш наоѓате заеднички јазик.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Венера во астролошката куќа на големите пари, носи нови и многу подобри перспективи. Младата месечина во Стрелец им одговара на оние кои веќе се искусни во својата работа. Можни се поволни вести поврзани со парите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Трудете се да бидете добро информирани и да се снајдете во ситуациите кои за вас изгледаат неповолни. Можно е да бидете загрижени поради нешто што во моментов го доживувате како прилично комплицирана ситуација. Ќе добиете вести од некој кој има решение за вас и кој е подготвен да ви помогне да решите некоја прилично тешка дилема.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Верувате во добрите намери на лицето кое ви кажало дека треба да бидете потрпеливи и да покажете поголемо разбирање. Ако сте повикани на состанок, обидете се да бидете максимално професионални. Најдете алтернативен начин да го направите тоа што го сакате.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Влагувањето на Сонцето во знакот на Стрелец, владетелот на вашиот знак во фаза на младата Месечина може да ви донесе многу нови можности. Не би требало премногу да се возбудувате за било што. Поминувате низ тешки периоди во кои ви е потребно трпение. Не се откажувајте, постои можност за подобри вести.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Почнете сериозно да размислувате за проблемите со кои сте соочени. Би требали да бидете посмирени во друштво на оние кои од вас очекуваат помош или некаков вид на поддршка. Верувате дека сте на правиот пат да го решите проблемот со некој кој за вас е напнат и немате доверба во него.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Родените на почетокот на знакот имат сјајна перспектива во работата со странци. Оние кои се родени во средната декада на знакот ќе добијат поддршка од некое лице кое е на висока позиција. Не сте подготвени да ризикувате во поглед на финансиите, но сепак прифатете некои сугестии од блиските лица.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Месечината преминува преку последниот степен на вашиот знак и во текот на денот ви носи одлична можност за подобра работа и повеќе пари. Некои нови хоризонти ќе бидат отворени исклучиво за вас. Ако знаете што сакате да постигнете, искористете ја шансата.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес вашите активности ќе бидат намалени, освен на полето на финансиите каде сеуште сте ангажирани за подобрување на материјалната состојба. Но сепак, ќе имате успешен работен ден, а тоа е така затоа што ве следи среќата. Некои сериозни одлуки ќе успеете да ги донесете на правилен начин. Внимавајте, некоја Вага ќе ве повика на искрен разговор во кој ќе настојува целосно да се отворите.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Родените на почетокот на овој знак мораат посериозно да се позанимаваат со своите работи и да се вклучат во некаков проект кој би можел да им донесе подобри приходи. Ако сте предмет на критика, односно постои сомнеж за вас дека не сте доволно активни и дека не се ангажирате доволно во рамките на работата, не им забележувајте на оние кои ве критикуваат, наместо тоа од нивната критика извлечете го максимумот.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Бидете поамбициозни и обидете се да промените нешто во вашата работа и кариера. Потрудете се денеска, ако сакате да оставите подобар впечаток на некој кој ви е многу важен. Кога станува збор за вашата финансиска ситуација, веројатно ќе имате некоја случка која доста ќе ве охрабри, па затоа обрнете повеќе внимание на инвестициите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе почуствувате силна мотивација и желба да реализирате некоја улога или работни цели. Многу е важно да можете да креирате нова работна ситуација која паралелно ги исполнува вашите духовни интереси и ви носи важна материјална корист. Нема потреба да се однесувате театрално во друштво на вашата сакана личност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП