18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЈа загревате ли храната во микробранова печка?

Ја загревате ли храната во микробранова печка?

186616508

Еве зошто тоа е штетно за вашето здравје…

Може ли подготвувањето или загревањето на храната во пластичните садови во микробрановата печјка да го зголеми ризикот од неплодност, дијабетес, дебелина и рак?

Некои експерти сметаат дека подготовката на храната на овој начин е навистина опасна и може да доведе до споменатите ризици.

Опасноста лежи во хемикалиите кои се наоѓаат во пластичните производи, а ја нарушуваат работата на жлездите во организмот. Хормоните се „хемиски гласници“ кои патуваат низ крвотокот до целните клетки во одредени органи. Тука рецепторите примаат „порака“ и поттикнуват биолошки одговор. Но тие SER хемикалии можат да го нарушат тој систем и да ги „наведат“ органите да прават погрешни работи, односно да ја блокираат хормонската порака, се наведува во извештајот.

Светската здравствена организација проценува дека повеќе од 800 од тие опасни хемикалии се во употреба во големи количини и се наоѓаат, освен во разните производи, и во нашата околина. Можат да предизвикаат рак на дојка и простата, неплодност, дијабетес, дебелина, автоимуни болести, астма, болести на срцето, мозочен удар и други пореметувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП