20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтроги казни ако се утврди реекспорт на рускиот пазар, бараат македонските производители

Строги казни ако се утврди реекспорт на рускиот пазар, бараат македонските производители

jabolko1

Македонската асоцијација на земјоделските задруги ги охрабрува државните институции поскоро да завршат со анализите во врска со сомнежот од руска страна за наводен реекспорт на европски овошје и зеленчук од Македонија.

Како што изјави претседателот на Асоцијацијата Менде Ивановски, доколку се утврди дека некој навистина продавал земјоделски производи со потекло од ЕУ, треба да биде најстрого казнет.

„Како обединувачко тело на повеќе производители на овошје и зеленчук вклучени во земјоделските задруги, ја поддржуваме акцијата на Министерството за економија кое врши контрола на фирмите кои извезуваат овошје и зеленчук на рускиот пазар од ЕУ декларирани како македонски. Истовремено повикуваме, доколку се утврдат злоупотреби, сторителите најстрого да бидат казнети“, рече Ивановски.

Доколку Русија воведе санкции и врз Македонија, додаде, производителите ќе бидат многу оштетени.

Според Ивановски, земјава има што да пласира и може да биде конкурентна на рускиот пазар, особено со јаболка и праски, но и со одредени видови зеленчук.

„Моментно имаме над 20 илјади тони квалитетно јаболко само од ресенскиот крај кое може да оди без проблем на рускиот пазар, а да не зборуваме и за другите краеви од Македонија. Исто така, праски веќе продаваме, годишно шест до седум илјади тони“, нагласи претседателот на Асоцијацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП