20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтраната на Mercedes на Facebook вреди 7.2 милиони евра

Страната на Mercedes на Facebook вреди 7.2 милиони евра

MB-FB-0

Друштвените мрежи се одличен начин за компаниите да бидат во контакт со своите потенцијални клиенти, но на нив исто така може и добро да се заработи, што покажува и примерот со германскиот производител на автомобили.

Mercedes“ е меѓу најпопуларните производители на автомобили во светот, па така не им е потребна некоја специјална промоција, но затоа што несакаат да заостануваат зад конкурентите и тие имаат своја „Facebook“ страна на која од 15 милиони фанови во јули, дојдоа до бројката од 17 милиони луѓе на кои им се „допаѓа“ оваа страна.

Дека тоа не е само обична и безначајна бројка, говори и фактот дека оваа страна вреди 7.2 милиони евра, а со тоа ја прави највредната „Facebook“ страница на било кој производител на автомобили.

На второто место се наоѓа страната на „Aston Martin“ која вреди 3.48 милиони, додека на позицијата три е страната на „Land Rover“ со вредност од 2.8 милиони евра.

Со цел да ја прослават бројката од 17 милиони фанови на оваа друштвена мрежа, дизајнерите од „Mercedes“ со помош на специјална техника на лепење ленти на подлога направија веродостојна реплика на моделот „AMG GT“ и тоа во однос 1:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП