20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПаметната табла SMART Board презентирана пред јавноста

Паметната табла SMART Board презентирана пред јавноста

tabla1

Високо интерактивната паметна табла – SMART Board вчера (20.11) за прв пат беше јавно презентирана на јавноста, преку настан, на кој беа презентирани функционалностите и софтверот на SMART Board, пред бројна публика.

Настанот кој се одржа во Конгресниот центар на Скопски саем го отвори Антони Пешев, претседател на Бордот на директори на групацијата Ултра-Унет која е и ексклузивен дистрибутер и застапник за SMART Board во Македонија.

Во својата презентација и претставувањето на производот, Пешев  го истакна фактот дека голем број на образовни институции во светот веќе подолг период активно ги употребуваат во секојдневното работење SМАRT Board и со тоа придонесуваат кон побрзо и поефикасно учење.

Паметните табли истовремено претставуваат проектор и платно, екран, табла и компјутер, поврзани преку софтвер коj овозможува креирање, учење и управување. Покрај активната употреба во образованието, паметните табли SMART Board наоѓаат широка примена и кај бизнис заедницата, каде нивната улога во интерактивното презентирање е огромна.

tabla2

На вчерашното претставување учесниците на настанот имаа можност во пракса да погледнат и успешна примена од ученици и професори од училишта од Македонија кои во своето училиште изучуваат настава со помош интерактивната паметна табла.

Паметните табли се канадски производ, кои поради мултифункционалноста што ја нудат за кратко време поставија нови стандарди во образованието, различните видови на едукација, учењето и презентирањето во целина. Поради своите карактеристики, паметните табли SMART Board покрај широката примена во образованието, од голема корист се и за бизнис заедницата, а се употребуваат дури и во домаќинствата, како домашно кино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП