20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал се подготвува да го купи „новиот Игуаин“

Арсенал се подготвува да го купи „новиот Игуаин“

jondata kaleri

Младиот Џонатан Каљери со своите настапи во Бока, во татковината е познат како „новиот Игуаин“.

21-годишниот Аргентинец пристигна во Бока овој јуни за 700.000 фунти, но со 5 гола во 19 натпревари и генерално добрата игра, веќе најверојатно за многу повеќе ја зголеми својата цена. Тој го привлече и вниманието на најголемите европски клубови.

Арсенал, нормално, секогаш е во првиот ред кога станува збор за играчи во дваесетите години или помлади, а најверојатно веќе подготвиле понуда од 7 милиони фунти која планираат да и ја понудат на Бока за овој играч.

Англиските медиуми пишуваат дека овој трансфер би можел да се реализира веќе во јануари, но треба да се почека и да се види, затоа што Венгер во моментов е сосема задоволен од напаѓачите кои ги има на располагање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП