19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ“Специјал” со најрепрезентативната пекара во градот

“Специјал” со најрепрезентативната пекара во градот

specijal

Специјал” одсега можете да го најдете на уште една локација во центарот на градот веднаш до Универзална Сала. Новоотворената пекара создадена по сите светски стандарди, во моментов претставува пекара со најдобро уреден ентериер кај нас.

Во новата пекара на Специјал, која што работи 24 часа, можете да уживате во уникатните ексклузивни пекарски, слаткарски и свежо приготвени готвени јадења од рацете на вистински мајстори, со најдобрите состојки од реномирани добавувачи, кои нудат врвен квалитет на своите потрошувачи.

Во новата пекара, купувачите можат да ги најдат сите производи од понудата на Специјал, а секојдневно ќе имаат и ексклузивна можност да ги дегустираат новитетите на оваа пекара.

gert

Отворањето на новиот продажен салон на “Специјал беше надополнето со бројни понуди и акции, СПЕЦИЈАЛНО создадени за оваа пригода. Специјал постојано изненадува со промоции и никогаш своите потрошувачи не ги остaва рамнодушни.

hert

Компанијата Специјал е една од водечките компании во пекарскиот сегмент во изминатите години и истата нуди широк асортиман кој се состои од повеќе од 350 производи, пецива, слатки како и готвени јадења, што значи дека и за време на работно време можете да уживате во топол оброк подготвен од рацете на врвни мајстори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП