20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSephora обвинета за дискриминација

Sephora обвинета за дискриминација

sephora 3234

Против американската филијала на големиот ланец на парфимерии „Sephora“ е поднесена колективна тужба.

Имено, компанијата ги исклучил интернет налозите за купување на клиентките поради сомневање дека купуваат голема количина на стока поради препродавање.

Четири Американки од кинеско потекло, поднеле заедничка тужба пред федералниот суд во Менхетн, затоа што сметаат дека се предмет на дискриминација.

Претставниците на „Sephora“ тврдат дека обвивнувањата на клиентките се неточни и дека налозите се привремено блокирани во неколку земји, поради пад на системот на нивната интернет страна за време на промовирањето на акциите извршени на 6-ти ноември.

Групацијата „LVMH“, од која дел е марката „Sephora“, одби да го коментира овој настан.

Тужителките тврдат дека во целост ја загубиле довербата во овој козметички бренд во кој претходно многу верувале и чии производи ги купувале повеќепати и во вредност од повеќе стотици долари.

Висината на посакуваната отштета во тужбата не е наведена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП