Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 6,736.57 5.38%    BESK 11,970.93 5.66%    FERS 49,501.00 -1.33%    GRNT 792.81 3.17%    KMB 2,803.59 3.17%    MKSD 250.00 23.76%    MPT 29,891.18 1.48%    MTUR 4,000.00 0.25%    OHB 6,025.00 9.55%    OKTA 4,200.00 0%    PPIV 39,000.00 1.57%    RZIT 25.00 0%    RZLV 90.00 5.88%    RZUS 182.99 2.75%    SBT 1,822.00 2.94%    STB 889.92 0.02%    STIL 148.29 0.36%    TEL 250.00 0%    TETE 1,448.47 3.46%    TKVS 2,800.00 5.74%    TNB 12,759.93 6.25%    TPLF 1,737.36 -1.23%    TTK 799.80 0.02%    UNI 2,259.88 1.89%    VROS 14,000.00 514.04%    ZILU 158.00 2.6%    

УН диета

Време: 13:24

Датум: ноември 21, 2014

Категорија: ДИЕТИ

diet_plan1

Стриктното спроведување на оваа диета доведува, покрај намалувањето на килограмите, и до промена на метаболизамот па затоа изгубените килограми не се враќаат.

Диетета трае 90 дена. Ако е потребно да се изгубат помалку килограми, диетата се прекинува порано, но тогаш не доаѓа до промена на метаболизамот.

УН диетата секогаш почнува со протеински ден, потоа следува ден на скробот, па ден на јаглени хидрати, овошен ден, па повторно протеински. РЕДОСЛЕДОТ НА ДЕНОВИТЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ МЕНУВА

 

Појадок

Сите 90 денови ОВОШЈЕ. Се јадат по две исти овошја или рака суво овошје (изброите 8 парчиња, ќе биде доволно).

 

Прв ден – ПРОТЕИНСКИ ДЕН

Ручек

– Месо, динстано, обарено или печено (во количина од ресторанска порција, 2- 3 парчиња или околу 250 гр) или 3 варени или печени јајца или нешто од млечните производи, па и соја.

– Леб – парче интегрален леб.

– Салата во неограничени количини со максимално 1 лажица масло.

– Супа – задолжителна (без тестенини – 1/3 шоља / 3 дцл) а ако се конзумираат млечни производи тогаш супата не е задолжителна – испијте јогурт или млеко.

Напомена: Разни видови на протеини не се мешаат во еден оброк или во еден ден.

Вечера

Исто како и за ручек, но половина мерка од ручекот, без супа и без леб. Задолжително.. ако се јаде месо за ручек да се јаде и за вечера, ако се јадат јајца за ручек, мора да биде исто и за вечера.

 

Втор ден – ДЕН НА СКРОБОТ

Ручек

– Грав, грашок, леќа, ориз, компир – варено, само со додаток на зачини (сол, вегета, црн пипер, кечап, варен домат ) – полна чинија.

– Леб – парче

– Салата

Вечера

Исто како и за ручек, но половина мерка и без леб.

 

 

Трет ден – ДЕН НА ЈАГЛЕНИ ХИДРАТИ

Ручек

Варени тестенини со додаток на зачини – кечап или слично, или пица само со додаток на кечап, или солено пециво во количина на пица (на пример 3 кифли)

Вечера

Две тенки парчиња торта или 3 –4 колачи, или 3 – 4 топки сладолед. Задолжително – 1 ред црно чоколадо.

 

Четврти ден – ОВОШЕН ДЕН

Ручек и вечера

Само мешано овошје, колку сакате.

 

Додатни напомени

– По кругот од 7 X 4 дена, односно 29 дена (три пати во текот на диетата) се држи „воден ден“. Цел ден се пие само вода.

– Задолжително после овошниот ден, а понекогаш и после водениот, се продолжува со протеинскиот ден.

– Кафе и чај може да се пијат, но без шеќер. Соковите да се сведат на минимум.

– Задолжително е после ручек да се зема 1 таблета, која содржи дневна доза витамини и минерали.

– Паузата помеѓу оброците првиот ден е 4 часа, а вториот и третиот ден е 3 часа, за време на овошниот ден паузата помеѓу оброците е 2 часа.

– После 8 часот навечер немојте ништо да јадете.

 

Се што е наведено мора да се јаде затоа што има своја улога во организамот. Овошјето е задолжително за појадок, затоа што најбрзо дава енергија, чоколадата третиот ден исто така, затоа што го штити организамот од можна алергија.

Количините на храна се поголеми од вообичаените, а намирниците се прилагодени на нашите услови и поднебје. Мора да се биде доследен и упорен. Може да се случи првите десет дена да не дојде до губење на килограми, но тогаш почнува нагло губење на килограми и тоа дури до 3 – 4 кг. После 90 дена диета, уште 90 денови за појадок се јаде овошје, додека за ручек и вечера се враќате на вообичаениот начин на исхрана. Во тој период треба да се намалат уште 3 кг што е показател за промената на метаболизмот. Ако тоа не се случи, диетата треба да се повтори, но дури после 3 месеци.

ДИЕТАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРОДОЛЖУВА ПОВЕЌЕ ОД 90 ДЕНОВИ – ЕДИНСТВЕНО ПО ПАУЗА ОД 3 МЕСЕЦИ МОЖЕТЕ ДА СПРОВЕДЕТЕ НОВИ 90 ДЕНОВИ ДИЕТА.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Избегнувајте ги овие 5 пијалоци затоа што дебелеат

    Избегнувајте ги овие 5 пијалоци затоа што дебелеат

    Доколку сакате да ослабите, освен на храната, треба да внимавате и на пијалоците. Како на пример на овие пијалоци… 1. Чоколадно млеко Чоколадното млеко има…

  • За побрзо да ослабите треба да знаете во кој период од денот треба да јадете

    За побрзо да ослабите треба да знаете во кој период од денот треба да јадете

    Компанијата „Forza Supplements“ ги анализираше податоците од лицата кои драстично ослабеле со цел да истражи во кој период од денот треба да појадувате, кога треба…

  • 7 кг помалку за 7 дена со помош на диета со кафе

    7 кг помалку за 7 дена со помош на диета со кафе

    Со оваа кратка 7-дневна диета можете да стопите седум килограми, запазувајќи го ефикасниот режим со кафе. Условот е секој ден да пиете по 2-3 шољи…

  • 15-дневна диета со која можете да загубите 7 килограми

    15-дневна диета со која можете да загубите 7 килограми

    Диетата трае 15 дена (три циклуси по 5 дена), а просечната загуба на тежината по завршувањето на диетата е околу седум килограми. За време на…

  • Диета со која за две недели ќе намалите 9 килограми

    Диета со која за две недели ќе намалите 9 килограми

    Називот на диетата ви кажува се: за две недели можете да изгубите девет килограми (зависно од тежината која ја поседувате, колку повеќе вишок килограми имате,…

  • Лесна диета со зелен чај за намалување на 4 килограми

    Лесна диета со зелен чај за намалување на 4 килограми

    За да бидете во топ форма и да се чувствувате добро ви предложуваме диета со која ќе намалите 3-4 килограми за само една недела. Не…

  • Најдобра диета за намалување на салото од стомакот

    Најдобра диета за намалување на салото од стомакот

    Факт е дека не е можно да се изгуби вишокот на сало од стомакот без намалување на вкупните телесни масти. Обемните истражувања покажаа дека она што е…

  • 5-дневна овошна летна диета

    5-дневна овошна летна диета

    Во летото значително ја намалуваме употребата на тешките намирници. За да ни е некако полесно на желудникот, најдобро е да го нагласуваме овошјето и зеленчукот…

  • Двопек диета – за сите љубители на лебот

    Двопек диета – за сите љубители на лебот

    Двопек диетата се спроведува со големо количесто на природно цеден сок и чај преку целиот ден. По петиот ден правите пауза два дена, а во…

  • Диета со краставици и домати

    Диета со краставици и домати

    Со диетата со краставици и домати може лесно да ослабите, а се што е потребно да дојдете до формата која ја посакувате е да го…