25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтротман од лето на „Олд Трафорд“?

Стротман од лето на „Олд Трафорд“?

strotman 35

Фудбалерот на Рома, Кевин Стротман најверојатно го договорил својот трансфер во Манчестер Јунајтед, веќе следното лето.

Стротман неодамна се врати на теренот по осум месеци пауза, а за време на летниот преоден рок се шпекулираше дека Луис ван Гал има желба да го доведе на „Олд Трафорд“.

Договорот на Холанѓанецот со Рома истекува во 2018-та година, па неговиот трансфер би можел да го чини Јунајтед околу 30 милиони евра.

stotman 335

„Пролетта на натпреварот меѓу ПСВ и Феенорд на трибините беа Робин ван Перси и Луис ван Гал, кои разговараат со Стротман. Тогаш веќе се знаеше дека Ван Гал ќе биде нов тренер на Јунајтед. Тој го запраша Стротман дали е заинтересиран да игра за Манчестер, а тој потврдно одговори. Тогаш со ракување го потврдија договорот. Сепак, тоа нема да се случи во јануари, туку веќе следното лето“, вели холандскиот новинар Хуго Борст.

Покрај Стротман, се очекува налето во Јунајтед да пристигне и Матс Хумелс, што тимот од „Олд Трафорд“ ќе го направи еден од најдобрите во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП