28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во Русија околу 530 евра

Просечната плата во Русија околу 530 евра

rubljirub1

Просечната номинална пресметана плата во Русија во месец септември изнесувала 31.071 рубљи (1 евро -58,58 рубљи).

Од почетокот на годината до крајот на октомври потрошувачките цени во Русија пораснале за 7,1 проценти, а во октомври за 0,8 проценти.

Руското Министерство за економија и развој процени дека растот на цените во оваа земја оваа година би можел да биде поголем од 9 проценти.

Како што соопшти руската статистичка служба, долговите за неисплатените плати и други надокнади за работа на 1 ноември во Русија изнесувале 2,608 милиони рубљи.

Стапката на невработеност во Русија изнесува 4,9 проценти, а невработени се 3.720.000 лица, пренесуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП