18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСледната година три милијарди луѓе ќе користат Интернет

Следната година три милијарди луѓе ќе користат Интернет

internet povrzanost

Независната американска истражувачка куќа „eMarketer“ ја објави својата проценка за бројот на луѓе кои се поврзани на Интернет. Според нив, тој број веќе следната година ќе ја надмине границата од 3 милијарди.

Кога тоа ќе се случи, од вкупниот процент на светската популација (нешто над 7 милијарди) на мрежата ќе биде поврзано 42,4% од населението.

Тоа би значело дека следната година бројот на „online“ жители на Земјата ќе се зголеми за 6,2%, a поголемиот дел од тој раст ќе дојде од земјите во развој каде забрзано се развива технологијата и инфраструктурата која ќе биде достапна и за посиромашните жители.

Со продолжувањето на таквиот раст, „eMarketer“ проценува дека веќе во 2018-та година пристап до Интернет ќе има повеќе од половина од светската популација – 3,6 милијарди луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП