25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi A7 h-tron: Повеќе од обичен автомобил на водород (фото+видео)

Audi A7 h-tron: Повеќе од обичен автомобил на водород (фото+видео)

h-tron

По „Toyotа“, која на купувачите им понуди сериски автомобил на водород, и „Hondа“, која прикажа концепт на идниот модел кој исто така како гориво ќе го користи овој гас, „Audi“ во Лос Анџелес го претстави концепниот „А7“ со погон на водородни горливи ќелии.

„Audi“ својот настап во Лос Анџелес го посвети на плановите за во иднина.

h-tron1

Концептот „Prologue Coupe“ понуди увид во новиот дизајн на моделот кој ќе се појави во наредните години, додека концептот „A7 h-tron Quattro“ носи ново решение на погонскиот систем.

За разлика од „Toyotа“ и „Hondа“, чии автомобили на водород се намерно дизајнирани визуелно да се дистанцираат од моделите со конценционален погон, надворешноста на концептот „h-tron“ не се разликува од екстериерот на стандардниот продукциски „Audi A7“.

h-tron2

Постои уште една разлика во однос на јапонските конкуренти.

Audi h-tron“ покрај основниот погонски систем – електричниот мотор кој енергија добива од водородните горливи ќелии, има уште еден електромотор кој е позајмен од хибридниот „Audi A3 e-tron“.

h-tron3

Двата погонски системи се одвоени – првиот се наоѓа напред и неговата моќ се пренесува на предната осовина, додека вториот е сместен позади и ќе ги придвижува задните тркала, па така концептот има погон на сите четири тркала.

Задниот електромотор, превземен од „Audi A3 e-tron“, исто така се напојува со електрична енергија која ја произведуваат горливи ќелии, додека погонските батерии се дополнуваат на два начини – обновување на енергијата при сопирање и преку „Plug-in“ системот и електричниот приклучок, кога автомобилот е паркиран.

Погледнете го видеото во кое е претставен распоредот и принципот на работа на погонскиот систем „Audi A7 h-tron“:

Кога од погонскиот систем не е неопходно да се извлече максималната моќ, автомобилот се движи исклучиво со помош на енергија добиена од водородот, а за дополнителна моќ се користи електричната енергија која се наоѓа во батериите.

Вкупната моќ на концептот „A7 h-tron“ достигнува 231 ks (170 kW), a максималниот вртежен момент изнесува 540 Nm.

h-tron4

Со целосно полн резервоар со водород (кој има 4) и до крај наполнети батерии, автомобилот може да помине и повеќе од 550 km. Концептот просечно троши околу 1 kg водород на 100 km.

Кога станува збор за перформансите, „A7 h-tron“ oд 0 дo 100 km/h забрзува за 7,9 секунди, додека максималната брзина на автомобилот изнесува 180 km/h.

h-tron5

Шефот на „Audi“, Урлих Хакенберг, вели дека концептот покажува дека оваа компанија ја совладала технологијата на водорнодни горливи ќелии и дека се во состојба да започнат со сериско производство, веднаш штом ќе ги задоволат неопходните пазарни и инфраструктурни услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП