28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДва месеци јадел само „здрава“ храна: Резултатите ќе ве остават без текст...

Два месеци јадел само „здрава“ храна: Резултатите ќе ве остават без текст (видео)

76802_1_630x0

Австралискиот актер Дејмон Гемау одлучил да спроведе прилично екстремен експеримент за да покаже колку „здравата“ храна всушност е нездрава.

Тој 60 дена ги јадел сите оние намирници кои ни ги нудат во прадавниците, а се карактеризираат како здрави и нискомасни – овошни сокови, овошни јогурти, цереали и спортски пијалоци. Веќе после неколку недели со ваква исхрана, полна со скриени шеќери, добил замастен црн дроб, се здебелил неколку килограми и почнал да се чувствува летаргично и нервозно.

Дејмон, пред овој експеримент поминал три години избегнувајќи производи кои содржат дополнителни шеќери, но поради овој експеримент повторно почнал да ги јаде. Имено, тој од исхраната ги исфрлил сладоледите, слатките и газираните сокови, кои очигледно содржат многу шеќери. Но, затоа почнал редовно да конзумира нискомасни производи, кои по правило имаат многу повеќе додадени шеќери.

Ако мислевте дека шолја цереали со овошен јогурт и чаша овошен сок се идеални за здрав доручек, Дејмон со својот пример ќе ви објасни зошто тоа не е вистина. Тој овие 60 дена ги забележал во филмот „That Sugar Film”.

„Шеќерот се наоѓа во 80 проценти од храната која ја јадеме, но со оглед на тоа дека владее константа конфузија околу неговите ефекти… ми требаат конкретни одговори“, објаснува тој во филмот.

Човекот во просек, во текот на денот внесува 40 лажички шеќер, а за тоа не е ни свесен. Тоа е чети пати повеќе од препорачаната дневна доза. Дури и ако не јадел сладолед или не пиел газиран пијалок, после само неколку недели „здрава“ храна на која е назначено дека има намален процент на маснотии, тој почнал да ги чувствува негативните последици од додадениот шеќер.

76801_2_630x0

Докторот му рекол дека добил замастен црн дроб, а се проценува дека само во Австралија повеќе од шест милиони луѓе патат од ова пореметување. Застрашувачки е податокот дека секој илјадити го добил ова пореметување од алкохол, а кај сите други е поради проблем во исхраната.

Исто така, почнал да се чувствува летаргично, забавено, раздразливо и тврди дека не се чувствувал сит иако ја внесувал истата количина на калории. Еден од психолозите во неговиот филм објаснува дека шеќерите и тоа како влијаат врз психата, и дека стануваме нестабилни ако конзумираме премногу шеќер.

Друг експерт предупредува дека воопшто не е важно во каков облик доаѓа шеќерот и дека сите шеќери се подеднакво опасни.

„Сите шеќери, без разлика дали се бели, жолти или од овошните сокови, имаат ист ефект врз вашето здравје“, нагласуваат експертите.

Иако Дејмон во текот на тие 60 дена јадел само храна која е опишана како „здрава“, тој добил 10 сантиметри околу струкот, а докторот му кажал дека со ова темпо на исхрана би станал дебел.

„Нискомасниот јогурт и плочките од муслите, цереалите, овошните сокови и спортските пијалоци… ова се работи кои секој родител би му ги понудил на своето дете, мислејќи дека прави вистинска работа“, објаснува Дејмон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП