29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИRoamer МK : сензационалнa алтернативна апликација на веќе добро познатите Skype и...

Roamer МK : сензационалнa алтернативна апликација на веќе добро познатите Skype и Viber сега достапна и во Македонија

roaming

Во средината на месец ноември, без некои претходни големи најавувања, во Македонија беше отворено претставништво на, како што многумина го нарекуваат, убиецот на роамингот насекаде низ светот, апликацијата Roamer.

Симнувањата на оваа телекомуникациска апликација се во секојдневен пораст и неговата популарност
наскоро ќе ја достигне популарноста на туристичките сим картички и на допропознатиот Skype Viber и други веќе познати апликации за комуникација но само со користење на Интернет .

Roamer MK ви овозможува да заштедите на дојдовните и на појдовните повици во роаминг до неверојатни 97%. Притоа, вие ќе останете во постојан контакт со вашите блиски користејќи го вашиот личен македонски број и кога не сте прикачени на интернет.

Доколку често патувате, Roamer може да стане одлично решение за скапиот роаминг. Роамер во моментов покрива 217 земји. Помеѓу нив се и популарните дестинации на нашите сограѓани : Грција, Бугарија, Хрватска, Кипар, Италија. Канада, Австралија.

Почетната верзија на сајтот и самата апликација Roamer се во целост преведени на Македонски јазик и во наредните денови обновената верзија на Roamer MK ќе стане достапна за симнување за сите македонски корисници. Исто така, техничката поддршка е на македонски јазик и работи 24 часа во денот, 7 дена во неделата.

Влатко Василев, основачот на компанијата VoxNet, официјалниот партнер на Roamer SIA Ltd во Македонија, вели дека оваа апликација ја користи инфраструктурата од мобилните оператори и обезбедува највисок квалитет на мрежата при тоа користењето со Roamer сервисот е многу едноставно, а самата апликација е бесплатно достапна во PlayGoogle и AppStore.

Неопходно е само да се надополни кредитот во апликацијата. Тимот од Roamer MK со доста труд и работа успеал да ја доведе оваа светска апликација и кај нас.

По пуштањето на сервисот во Македонија, отворени се неколку специјални сервери и извршено е неколку месечно тестирање.

Господинот Василев е целосно убеден во тоа дека Roamer MK доста брзо ќе стане една од најпопуларните апликации во нашата држава и ќе им овозможи на македонските граѓани да ги намалат трошоците, а не комуникацијата со своите блиски.

Првите 500 корисници во Македонија ги очекуваат специјални попусти и подароци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП