24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGorilla Glass 4 ќе го штити смартфонот при паѓање (фото+видео)

Gorilla Glass 4 ќе го штити смартфонот при паѓање (фото+видео)

gg 2

Секој сопственик на паметен телефон се вознемирува при помислата дека може да го испушти уред на земја, бидејќи тоа премногу често води до скршен екран и скапи поправки. Компанијата „Corning“, која ги развива најпопуларните заштитни стакла „Gorilla Glass“, објави дека работи на решавање на овој проблем.

„Gorilla Glass“ ужива голема поддршка од страна на водечките производители на мобилни уреди како „Samsung“, „LG“, „Microsoft“, „Motorla“. Третата генерација на „Gorilla Glass“ веќе важи за „неуништлива“ и теоретски не би требало да има проблеми со секојдневните случувања, како поставување на телефонот во џеб заедно со клучеви и др.

gg 4

Затоа компанијата сега е фокусирана на работата на новата четврта генерација на „Gorilla Glass“,  претежно врз отпорноста при паѓање, соопштува интернет изданието „TheVerge“. Во моментов тествите покажуваат дека „Gorilla Glass 4“ издржи во 80% од случаите при падови од височина од еден метар, што пак е до два пати подобро во однос на претходното поколение.

„Не можам да кажам дека гарантирано сме го отстраниле кршењето при паѓање, но сериозно многу го намалуваме“, коментира Клиф Хунд, претседател на „Corning East Asia“. Тој прецизира дека здравото стакло не носи негативи за корисниците и оптичките квалитети се непроменети.

Според него 80% не ја задоволува компанијата целосно. Затоа ќе продолжат со работа за подобрување на цврстината на стаклата. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП