18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДокузовски суспендиран шест, Србиновски три месеци

Докузовски суспендиран шест, Србиновски три месеци

matin

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички повеќе месеци на официјалните натпревари ќе биде без помошта на тренерскиот тандем Марин Докузовски и Марјан Србиноски.

Првиот тренер на клубот од „Градски парк“ Докузовски, поради одбивањето неговиот тим да го продолжи прекинатиот натпревар против МЗТ Скопје доби шестмесечна суспензија од Дисциплинската комисија на Македонската кошаркарска федерација.

За истиот прекршок тримесечна суспензија доби помошник-тренерот на Работнички, Марјан Србиноски.

Најголема казна доби претседателот на клубот Горан Геровски, комуму е забрането да извршува функции во кошарката цела година.

Тројцата казнети имаат право на жалба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП