28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар без Стоилов и Горбах замина за Веспрем

Вардар без Стоилов и Горбах замина за Веспрем

stilov

Ракометарите на Вардар заминаа за Веспрем, Унгарија каде викендов ќе го играат натпреварот од 6. коло во Ц групата од Лигата на шампионите.

Во екипата што патува за Унгарија ги нема Сергеј Горбок и Стојанче Стоилов. И двајцата имаат повреди и ќе паузираат неколку дена, но во тимот се врати Илија Абутовиќ кој на претходниот меч ја издржа казната за црвениот картон добиен во Монпелје.

По пет одиграни натпревари во ЛШ, „црвено-црните“ се на второто место на табелата со 7 бода, три помалку од лидерот Веспрем, а на трето место е Рајн Некар со 6 бода.

Во Ц групата во ова коло се среќаваат уште: Чеховски Медведи – Монпелје и Целје – Рајн Некар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП