25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAdobe Photoshop од денес и на паметните телефони

Adobe Photoshop од денес и на паметните телефони

adobe-photoshop-android

„Adobe Photoshop (PS Touch)“ без сомневање е најквалитетната апликација за уредување на фотографии и досега беше достапна само за таблетите, меѓутоа, од денеска и корисниците на паметни телефони кои имаат Андроид ќе можат да ја симнат од „Play Store“.

По некои информации верзијата за мобилни телефони ќе биде потполно идентична како и таа што е достапна на таблетите.

Со излегувањето на новата апликација се појавија и две вести, една добра и една лоша.

Лошата е дека нема да можете да ја користите истата апликација и на телефон и на таблет, ќе морате да ги купите двете верзии и тоа 9.99 долари за таблет и 4.99 долари за телефон.

Добрата вест е тоа што доколку користите „Adobe Creative Cloud“ ќе бидете во можност да ги синхронизирате проектите помеѓу телефонот и таблетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП