28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот спортски кабриолет на Lexus (фото+видео)

Новиот спортски кабриолет на Lexus (фото+видео)

cabrio lex

Концептот „LF-C2“ е обликуван во стилот на најновата генерација на автомобили на „Lexus“, како најава за можниот продукциски модел „RC Cabrio“.

cabrio lex1

Според дизајнот и димензиите е сличен на „Lexus RC Coupe“, но концептот има карактеристична масивна маска на ладилникот која доминира на предниот дел на возилото, како и препознатливи дневни „LED“ светла во форма на бумеранг, кои се типични за новите генерации на „Lexus“ моделите.

cabrio lex2

Седиштата се според системот 2+2, a во ентериерот исто така препознаваме стилски детали од „Lexus RC“.

Централната конзола, која се простира по целата кабина и која ги раздвојува седиштата на левата и десната страна на автомобилот, е обоена во жолта боја, како каросеријата.

cabrio lex3

На тој начин се брише границата меѓу внатрешните и надворешните делови на автомобилот, кои визуелно се преклопуваат.

Со цел да се намали отпорот на воздух, вградени се специјални аеродинамички ретровизори, а концептот „LF-C2“ има и необични 20-инчни алуминиумски бандажи и заден дифузор со интегриран издувен систем со четири цевки.

cabrio lex4

„Lexus“ не објави детали за погонскиот систем, но присуството на четирите издувни цевки сугерира дека под хаубата можеби се наоѓа моќниот 5.0-литарски „V8“ со преку 470 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП