23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda ги освежи CX-5 и „шестка“ (фото)

Mazda ги освежи CX-5 и „шестка“ (фото)

mz1

Покрај новиот кросовер „CX-3“ и новата генерација на „MX-5“, „Mazda“ на саемот во Лос Анџелес ги претстави и редизајнираните верзии на моделите „CX-5“ и „6“.

Кога станува збор за „Mazdа CX-5“, со поставувањето на 5 хоризонтални решетки на маската на ладилникот, возилото остава силен впечаток, додека формата на фаровите треба изгледот на предниот дел да го направат уште поагресивен.

На задниот дел на автомобилот, променет е фонтот на името на моделот, а понудени се и алуминимски бандажи со нов дизајн.

mz2

Иако се очекуваше дека „Mazda“ ќе го помести екранот на мултимедијалниот систем на врвот на централната конзола, како што е случај кај останатите модели од најновата генерација на автомобили на оваа компанија, тоа не се случи.

Задржано е решението со дисплејот кој е вграден во командната табла, но отстранети се копчињата кои се наоѓаа околу екранот, па пристапот до содржините е исклучиво преку „touch screen“ принципот.

mz3

Сепак, во ентериерот се извршени одредени стилски и функционални промени, пред се на централната конзола каде се наоѓаат редизајнирани команди за клима-уредот.

Понудата на мотори се состои од две верзии на бензинецот „2.0 SKYACTIV-G“ со 160 ks (118 kW) и 165 ks (121 kW), како и 2.5-литарски „SKYACTIV-G“ со 192 ks (141 kW).

Од дизелите, тука се двата „2.2 SKYACTIV-D“ мотори со 150 ks (110 kW) и 175 ks (129 kW) .

mz4

Ако редизајнот на „Mazdа CX-5“ по нецели три години пристигна прерано, што да кажеме за новиот изглед на „Mazdа 6“, модел кој светска премиера имаше на крајот на летото 2012-та?

Очигледно трендот на скратување на периодот меѓу новиот и редизајнираниот модел се повеќе ја зафаќа авто-индустријата и производителите ги освежуваат возилата на 2 до 3 години, па така нивните автомобили да останат конкурентни на пазарот.

mz5

Стилските разлики меѓу актуелната верзија и редизајнираниот модел се навистина минимални и многумина ќе ги забележат само ако внимателно ги споредат фотографиите од двата автомобили.

На моделот за 2015-та променета е решетката на ладилникот, додека хромираната рамка на маската е поширока во однос на верзијата од 2012-та. Нова форма имаат и фаровите и предниот браник, како и светлата за магла.

mz6

Промените на задниот дел од автомобилот се уште понезабележителни и се однесуваат на редизајн на стоп-светлата.

Во кабината можеме да забележиме нов дизајн на мултимедијалниот систем, чиј екран, за разлика од „Mazdа CX-5“ се наоѓа одвоен, исто како таблет, како кај „Mazdа 3“.

mz7

Редизајнирана е и командната табла и централната конзола, а променети се и командите на клима уредот.

Во понудата и натаму се постоечките „SKYACTIV“ бензински и дизел мотори: 2.0 SKYACTIV-G во верзии со 145 ks (107 kW) и 165 ks (121 kW), 2.5 SKYACTIV-G со 192 ks (141 kW), како и 2.2 SKYACTIV-D дизели со 150 ks (110 kW) и 175 ks (129 kW).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП