25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОфицијално: Фетел во Ферари до 2017

Официјално: Фетел во Ферари до 2017

vetel

Четирикратниот светски шампион во Формула 1 и се уште член на Ред Бул, Себастијан Фетел од следната сезона ќе вози за Ферари.

Италијанската екипа соопшти дека потпишала договор со Фетел до 2017 година.

Германецот во Ферари ќе вози во тандем со Кими Раиконен, а за трансферот во новиот тим рече дека со тоа му се остварил сонот од детството.

-Кога бев мал и го гледав Шумахер во црвениот болид, копнеев и јас да возам за Ферари. Сега сонот ми се оствари.

Фетел во Ферари доаѓа на местото на Фернандо Алонсо, кој в недела ќе ја вози последната трка за тимот од Маранело.

27-годишниот германски возач со вкупно 39 победи на 134 од шампионатот во Ф1 се наоѓа на
четвртото место во историјата на ова натпреварување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП