29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMINI направи електричен тротинет кој го собира во багажник (фото+видео)

MINI направи електричен тротинет кој го собира во багажник (фото+видео)

trotinet mini

„MINI“ го претстави концептот на електричен тротинет, „Citysurfer“, како помошно превозно средство кое може да се склопи и смести во багажникот и тоа во така мал автомобил, како што е новиот „MINI“ хечбек со три врати.

„Citysurfer“ е замислен како возило за превоз на едно лице, кое се користи во комбинација со автомобил.

trotinet mini1

На пример, ако возачот не е во можност да го паркира автомобилот во близина на своето работно место, може еден дел од патот од дома до работа да го помине во возилото, а потоа да продолжи со тротинетот.

Ова превозно средство е тешко 18kg, a енергијата ја добива од литиум-јонската батерија која се наоѓа во водоотпорното куќиште во рамката на тротинетот, под стапалата на возачот.

trotinet mini2

Иако не може да развие брзина поголема од 25 km/h, тоа е сосема доволно за неговата основна намена, исто како и автономијата на движење која изнесува од 15 до 20 km.

Во случај батеријата да се испразни во движење, возачот може без проблем да продолжи да го користи како обичен тротинет, со туркање на ногата.

trotinet mini3

Батеријата се дополнува и за време на возњето, благодарејќи на обновувањето на енергијата при сопирањето, а конструкторите предвиделе на врвот на управувачот да може да се смести смартфон, кој и самиот може да се дополнува така што ќе се поврзе со приклучокот од тротинетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП