23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивка од пола милијарда на Erste Group

Добивка од пола милијарда на Erste Group

erste

„Erste Group“ во 2012-та година забележа нето-добивка од 483.5 милиони евра.

Тоа е солиден резултат, имајќи ја во предвид тешката економска средина и негативните еднократни ефекти од 361 милион евра, вклучувајќи ги и даноците на банката во износ од 187 милиони евра.

Оперативните приходи изнесуваа 7.22 милијарди евра, што е за 3.3 проценти помалку од претходната година, додека вкупниот капитал пораснал од 12 милијарди евра во 2011-та на 12.8 милијарди на крајот од ланската година.

„Што се однесува на работата, не само што постигнавме напредок во Романија и забележивме одличен резултат во Чешка, веќе се базен коефициент на основниот капитал и состојбата на ликвидност, забележавме позитивни движења“, изјави генералниот директор на „Erste Group“, Андреас Трајхл.

Тие на состанокот на акционерите ќе предложат да се исплати дивиденда од 0.4 евра по акција.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП