16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДојче телеком минатата година со загуба од 5,25 милијарди евра

Дојче телеком минатата година со загуба од 5,25 милијарди евра

Logo of German company Deutsche Telekom is pictured at the CeBit computer fair in Hanover

Дојче телеком (Deutsche Telekom) минатата година имал загуба од 5,25 милијарди евра, заради спојувањето на „T-Mobile USA“ со  провајдерот „MetroPCS“, соопшти денеска германската компанија.

Фирмата во 2011 година оствари нето профит од 557 милиони евра, пренесоа американските медиуми.

Дојче телеком наведе дека ги заддржа дивидентите од 70 евроценти.

Компанијата, покрај загубата, остварила и успех во продажбата на „паметни“ телефони на домашниот пазар, додека во САД го забележала првиот раст на бројот на мобилни претплатници од 2009 година.

Вкупните приходи на Дојче телеком, минатата година се смалени за 0,8 отсто, на 58,17 милијарди евра. Нето профитот во четвртиот квартал изнесуваше 793 милиони евра, во однос на загубата од 1,34 милијарди евра во истиот период од претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП